Вести Култура Македонија

ЗПРМ ја додели наградата „Вавилон“ за најдобар млад преведувач

Тијана Алваџиоска и Иван Доневски се годинашни добитници на престижната награда „Вавилон“што ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија. Доневски и Алваџиоска го добија признанието за најдобар млад преведувач за преводот од англиски на македонски на дел од романот „Нашите сопруги под морето“ од современата англиска писателка Џулија Армфилд.

Навистина ми беше задоволство што можевме да бидеме дел од оваа прекрасна книга „Нашите сопруги под морето“ од Џулија Армфилд  и што повеќе луѓе ќе имаат можност да прочитаат дел од неа на македонски јазик, вели Тијана Алваџиоска, добитничка на наградата „ВАВИЛОН ЗПРМ“.

 

Влегувате во светот на книжевниот превод и имате можност да бидете дел од развојот на  македонскиот јазик и култура, бидејќи тоа што нѐ прави дел од светската култура и цивилизација е богатството на македонскиот јазик кој го овозможиле не само писателите, туку и бројните преведувачи кои ги имаме за што доказ се преводите на големите дела, како оние на Шекспир, како „Илијада“ и „Одисеја“ и многу други автори, посочи Милан Дамјаноски, претседател на организацискиот одбор  за Конкурсот за наградата ВАВИЛОН ЗПРМ.

Самиот процес на преведување е вештина, воедно и уметност да го пренесете стилот, духот и културолошките вредности на едно дело, вели Маљковиќ – Атанасовска.

Секогаш е добро да ги читаме светските дела на мајчин јазик, меѓутоа на превод кој што навистина заслужува внимание, затоа што за жал сега на пазарот се соочуваме со наплив на преводи кои што не ги исполнуваат професионалните стандарди. Оваа награда многу ни значи таа е наша гордост наше творение и со неа сакаме да ги мотивираме младите луѓе да влезат во водите на преведувањето, изјави Лукреција Маљковиќ – Атанасовска, претседателка на ЗПРМ.

Важно е да постојат јасни критериуми кој може да се занимава со преведувачка дејност, за да не сведочиме на бројни дискутабилни преводи во различни сегменти на општеството.

Денеска пазарот е отворен, преведувањето се смета како слободна професија каде што преведува секој кој смета дека дека знае јазик. Тука треба да ги споменеме и јавните набавки во јавните институции каде што единствен критериум е ниската цена и тука професионалните преведувачи не можат да се борат на пазар каде што цената е единствениот критериум и каде што не се вреднува квалитетот, вели Маљковиќ

Ние како поискусни преведувачи сакаме истиот жар, самопрегор и одговорност кои ги носиме во себе да ги видиме и кај младите преведувачи, да се мотивираат да читаат и да го збогатуваат сопствениот јазик,  додава  Маљковиќ – Атанасовска.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе