Вести Свет Топ вести

Вучиќ: Немаме никаква врска со она што се случи на Ибар, тоа го знае и Приштина

Председателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Белград нема никаква врска со инцидентот на северот на Косово и Метохија, каде што беше оштетен каналот Ибар – Лепенец, и рече дека тоа го знае и Приштина.

„Зошто да се оправдувам, да трчам по светските медиуми, да им се извинувам за нешто што не сум го направил, ако тие веќе ќе го толкуваат како што сакаат. Затоа, секогаш полека, на крајот, сите работи ќе дојдат на своето место. Само е важно да работите, да се борите и да верувате во себе, како и да поставувате висока граница, истакна Вучиќ.

На северот на Косово и Метохија, во општина Зубин Поток, вчера попладне одекна силна експлозија во која бил оштетен каналот Ибар – Лепенец, кој снабдува со вода повеќе градови, како и Косовската енергетска корпорација за ладење на термоелектраните.

(ВИДЕО) Силна експлозија разнесе дел од водоснабдителниот систем Ибар – Лепенец во Зубин Поток

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе