Вести Свет

Обновени комуникациските кабли во Балтичко Море

Финската компанија „Синиа“ (Cinia) денеска соопшти дека целосно го обновила својот подводен оптички кабел „Си-Лајон 1“ (C-Lion1), кој беше оштетен на 18 ноември.

Овој кабел овозможува дигитална поврзаност меѓу Финска и Германија.

На почетокот на ноември два подводни кабли, вклучително и „Си-Лајон 1“, беа оштетени во рок од 24 часа. Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, изрази сомнеж дека станува збор за саботажа, а екипажот на кинески товарен брод, кој ја спуштил котвата во близина на местото на инцидентот, е меѓу главните осомничени.

Вториот оштетен кабел, кој ги поврзува Шведска и Литванија, исто така е поправен и повторно е функционален, објави компанијата „Арелион“ (Arelion).

Инцидентите, кои се случија на 17 и 18 ноември во близина на Шведска, предизвикаа Стокхолм да побара од Пекинг да помогне во разјаснувањето на случајот. Денеска, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека Пекинг е подготвен да соработува со засегнатите страни за утврдување на причините за оштетувањата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Во Катар почнуваат преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе