Вести Свет

Колумбија воведува визи за британските државјани

Колумбискиот претседател рече дека земјата ќе воведе визи за британските граѓани како одговор на тоа што Британија воведе визен режим за колумбиските граѓани.

На граѓаните на Колумбија ќе им треба и транзитна виза ако сакаат да поминат низ Обединетото Кралство за да патуваат во друга земја. Колумбискиот претседател Густаво Петро рече дека неговата земја ќе воведе слични мерки според принципот на реципроцитет.

„Ако Обединетото Кралство повторно го воведе условот за виза за колумбиските граѓани, морам да наведам дека во согласност со принципот на реципроцитет, колумбиската влада ќе бара визи од британските граѓани кои сакаат да дојдат во Колумбија, напиша претседателот на социјалната мрежа „Х“.

Британската министерка за внатрешни работи Ивет Купер рече дека одлуката е донесена поради „значајното и одржливо“ зголемување на барањата за азил и „високите стапки на одбивање“ на странците на границата од ноември 2022 година.

„Нашите односи со Обединетото Кралство остануваат силни и пријателски. Секоја одлука за промена на визниот статус не се зема несериозно и ние редовно го ревидираме системот за граница и имиграција за да се осигураме дека тој продолжува да работи во интерес на Велика Британија“, додаде таа.

Ќе има четиринеделен преоден период без визи за оние кои веќе резервирале патување во Обединетото Кралство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе