Вести Свет

Трамп најавува нови царини за Кина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе дополнителни царини од 10% на сите кинески увозни производи кога ќе ја преземе функцијата на 20 јануари 2025.

Оваа одлука е дел од неговите напори да ја натера Кина да ја запре трговијата со нелегални дроги, особено фентанил, што во голема мера го зголемува присуството на овој прекурсор на САД. Трамп ја обвини Кина дека не прави доволно за да го спречи протокот на оваа дрога во САД, која значително придонесува за нарко кризата во земјата.

Во одговор, кинеската амбасада во Вашингтон изјави дека не постои победник во трговската војна и дека кинеско-американската економска и трговска соработка е обострано корисна.

Пекинг истакна дека веќе презема чекори во борбата против шверцот со дрога, вклучувајќи заострени контроли и повеќе соработки со САД. Трамп, исто така, најави дека ќе воведе царини од 25% за производите од Мексико и Канада, како дел од своите планови за промената на трговските политики.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе