Најмалку пет лица загинаа, а стотици домови и голем број на патишта се поплавени по налетот на невремето Берт што зафати делови од Велика Британија. Голем број на домаќинства останаа без електрична енергија, откажани се летови, во прекин се линии на железницата.
Жителите на Понтиприд во јужниот дел на Велс, се евакуирани, додека градот се наоѓа под опасност од поплави. Националната метеоролошка агенција порача дека и натаму се очекуваат проблеми во сообраќајот поради поплавите, дождот и ветриштата кои дуваат со јачина до 132 километри на час.