Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи побара смртна казна за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека налогот за негово апсење не е доволен.
Таквото негово барање доаѓа по неколку дена од одлуката на меѓународниот кривичен суд за воени злосторства да издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана, Јоав Галант и за лидерот на военото крило на Хамас, обвинувајќи ги за злосторства против човештвото во врска со 13-месечната војна во Газа.
Во образложението на потерниците се вели дека има причина да се верува дека Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант користеле „гладување како метод на војување“, со ограничување на хуманитарната помош и намерно гаѓале цивили во кампањата на Израел против Хамас во Газа. Таквите обвиненијата беа експресно отфрлени од израелските власти.