Вести Свет

Добро го познавам Путин, ќе употреби нуклеарно оружје ако се исцрпат сите опции – Вучиќ за конфликтот во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека добро го познава рускиот претседател Владимир Путин и дека е убеден оти тој ќе употреби нуклеарно оружје ако сите други опции бидат исцрпени. Вучиќ предупреди дека заканата од нуклеарен конфликт е поголема од кога било досега, истакнувајќи дека и Русија и Украина ќе бидат подготвени да ги користат сите ресурси кои ги имаат во конфликтот.

Српскиот претседател истакна дека Србија е неподготвена за такви сценарија и дека капацитетите за засолништа се ограничени, па ќе биде потребно да се обнови инфраструктурата за да се сместат до милион луѓе доколку се оствари најцрното сценарио.

Вучиќ информираше и за високите нивоа на стоковите резерви, но нагласи дека не е целосно задоволен од состојбата. Во врска со актуелниот конфликт во Украина, нагласи дека Србија ја одржала својата политичка позиција во текот на војната и дека се заложувала за мир и примирје.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: Со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе