Вести Свет

Во руски напад во Суми загинаа најмалку осум лица

А во руски напад врз деветкатница во северниот украински регион Суми, загинаа најмалку 8 лица, а десетици се повредени. Нападот се случи доцна синоќа, а локалните власти евакуирале 400 луѓе од областа, која се наоѓа на само 40 километри од руската граница. Екипите за итни случаи до доцна во ноќта вршеа проверки по домовите за да ја утврдат штетата.

Меѓувреме, плоштадот на независноста во Киев, место кое порано беше популарно шеталиште се претвори во меморијален парк за паднатите војници. Секојдневно се додаваат нови знамиња и портрети на загинатите, кои се поставуваат од нивните семејства и пријатели.

Овој импровизиран меморијал, кој не е под контрола на властите, стана симбол на храброста и жртвата на украинските војници. Погребни церемонии се одржуваат секој ден, а посетителите со почит се сеќаваат на паднатите херои.

Жителите на Киев и други украински градови продолжуваат да се соочуваат со секојдневната реалност на војната, додека меморијалот на плоштадот на независноста расте, како потсетник на цената која Украина ја плаќа за својата слобода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе