Вести Свет Топ вести

Уапсен хрватскиот министер за здравство Вили Берош, премиерот Пленковиќ наскоро со детали за полициската акција

Хрватските медиуми јавија утрово дека е уапсен министерот за здравство Вили Берош, по што премиерот Андреј Пленковиќ свикал средба со коалициските партнери.

  • „Премиерот го разреши Вили Берош од министерската должност, и ја назначи д-р Ирена Хрстиќ за државен секретар која ќе раководи со Министерството за здравство до стапување на функцијата на новиот министер“, јавија медиумите во Хрватска.

„По 11 часот очекувајте медиумска конференција на премиерот“, соопштуваат од Владата.
Во 13 часот прес конференција закажаа и од Државното обвинителство.

Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа и во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.

На адресата на министерот за здравство Вили Берош, како што објави Јутарњи лист, дошле со наредби за претрес.

Според првичните информации, истражителите освен министерот, цел се и неколку лекари, меѓу кои и директори на болници.

Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) соопшти дека „приведувањата и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрагите  што претходно ги спроведе УСКОК“.

  • „Наведените дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, а за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела. По распитот на осомничените УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметниот случај за што благовремено ќе ја информира јавноста“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе