Вести Свет Топ вести

Територии за Русија, безбедносни гаранции за Украина, но не и членство во НАТО – „Вашингтон пост“ за можниот договор за крај на украинско-руската војна

Европските членки на НАТО сè повеќе веруваат во договорен крај на украинско-руската војна кој би подразбирал територијални отстапки, иако Киев и натаму се противи, наведува „Вашингтон пост“.

САД и нивните сојузници испорачуваат кеш, оружје, опрема и муниција во Украина од 2022 година, во вредност од стотици милијарди долари, инсистирајчи притоа дека не биле директни учесници во непријателствата.

Неколку европски држави сега наклонети кон прекин на огнот, со што Русија би задржала контрола над некои територии, а Киев би добил некој вид на безбедносни гаранции, но не и членство во НАТО, објави „Вашингтон пост“.

Дискусиите зад затворени врати, наведува весникот, се мотивирани од „мрачната ситуација на бојното поле за Украина“ и изгледите за прекин на финансирањето од САД по стапување на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на функцијата во јануари. И додека продолжуваат јавните поддршки за Киев, некои земји се обидуваат да постават темели за мировни преговори.

Една од идеите, како што се наведува, е Русија да ги задржи териториите кои моментно ги контролира, а Украина би добила или западни мировни сили или други безбедносни гаранции, но не и членство во НАТО.

„Меѓу европските членки на НАТО постојат 50 нијанси на сиво за тоа како би изгледал мировниот договор“, рече Камил Гранд од Европскиот совет за надворешни работи.

Во меѓувреме, светот ќе биде во исчекување што ќе предложи Трамп по положување на претседателската заклетва во САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе