Вести Свет

Украина синоќа беше нападната со рекордни 145 руски дронови

Украина синоќа беше нападната со 145 руски дронови, што е рекорд, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека 62 од тие 145 дронови биле уништени во 13 региони во земјата.

Украинското воздухопловство истакна дека бројот на дронови во синоќешниот напад го надминал претходниот „рекорд“ од 135 дронови на 18 октомври. Тие прецизираа дека 67 дронови исчезнале од радарите, а други влегле во воздушниот простор на соседите на Украина, Белорусија и Молдавија, јави ДПА.

Најпогоден е црноморскиот град Одеса, каде се оштетени домови, продавници, автомобили и гаражи, соопштија украинските власти. Пријавени се и повредени, без да се наведат детали.

Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека рано утрово одбило 70 напади со украински дронови, од кои 34 биле пресретнати во московскиот регион. Една жена се здобила со изгореници откако остатоци од соборен дрон паднале врз нејзината куќа По неколку часа прекин, главните аеродроми во Москва повторно работат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе