Вести Свет

Протест против регионалната влада во Валенсија по катастрофалните поплави

 

Илјадници луѓ излегоа на протест во Валенсија против шпанските власти по најтешката природна катастрофа што ја погоди земјата во поновата историја. Луѓето бараат оставка од регионалниот лидер на Валенсија, Карлос Мазон.

Во поплавите што ја зафатија Валенсија загинаа најмалку 200 луѓе.

Жителите изразија гнев поради лошото управување и брзината со која властите одговорија на кризата. Фрустрацијата поради управувањето со кризата зовре минатата недела, кога луѓето фрлаа кал и предмети врз шпанското кралско семејство, врз премиерот Педро Санчез и врз регионалните власти, кога тие го посетија регионот погоден од поплавите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе