Вести Македонија Топ вести

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Министерството за здравство информира дека од денес, преку веб страницата – vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население.

Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството континуирано го зголемува бројот на обезбедени вакцини.

Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM.

На тој начин, директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате.

Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи:  повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Потсетуваме дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција, која спречува појава на потешки форми на грип, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Падна Фасада од зграда во Општина Карпош

Дејан Дејан

(живо) Повторно гори кај Блаце, сообраќајот во прекин, затворен и граничниот премин

Дејан Дејан

38 лица затруени со салмонела во фабрика во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе