Вести Свет Топ вести

Прашања за сексуална ориентација и пол, одговорите незадолжителни – Австралија со попишувачки новитети

Австралија по првпат ќе вклучи прашања за сексуалната ориентација и пол во пописот на населението. Одлуката е донесена по повеќе од една недела расправи околу одлуката на левичарската Лабуристичка партија која во август ги исклучи овие прашања.

Министерот за државно богатство, Џим Чалмерс, денеска објави дека пописот во 2026 година ќе вклучува прашања за сексуалната ориентација и пол, иако одби да ги наведе конкретните прашања, посочувајќи дека австралиската статистичка служба ќе ги развие подоцна.

Одговорите на прашањата нема да бидат задолжителни и ќе се поставуваат само на Австралијците постари од 16 години.

Ова ја поништува одлуката на владата донесена во август да се исклучат прашањата за припадност кон ЛГБТ заедницата од статистиката.

Велика Британија за првпат додаде незадолжително прашање за сексуалната ориентација во пописот на британското население во 2021 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ примен во болница oткако му се слошило за време на посетата на САД

Дејан Дејан

Светски ден на медиумите – Новинарите се чувари на демократијата

Дејан Дејан

Почеток на работата на автопатската делница Тетово-Гостивар долга 17,5 километри

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе