Вести Македонија Топ вести

Во Тетово се одржа манифестација под мотото „Децата пеат за Македонија“

Плоштадот во Тетово обоен во боите на македонското знаме. Во раце со рачно изработени знаменца и во црвени и во жолти маички, учениците од нижите одделенија од основните училишта го прославија 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија.

Под мотото „Децата пеат за Македонија“ се одржа културно-уметничка манифестација, во која учестуваа учениците со неколку точки, хорот Крешендо и КУД Шара.

Прослава од ваков тип за првпат се организира во градот, на иницијатива на одделенските наставнички.

„Денес на градскиот плоштад во Tетово за првпат се организира манифестација по повод Денот на независноста на нашата татковина, односно 33-от роденден на Македонија. Ова е првпат да се организираме и го направивме тоа одделенски наставници од тетовските училишта, коишто се договоривме дека на овој значаен празник мора да му дадеме поголем акцент и да се развива љубовта кон татковината на дечињата. За време на подготовките децата беа многу возбудени подготвуваа знаменца, подготвуваат точки музички, стихотворби, рецитали. Во оваа манифестација учествуваат сите училишта од град Тетово со подрачните училишта, а можам и да ги споменам училиштата Гоце Делчев, Лирија, Братство Миџени со подрачно училиште Сараќино, потоа училиштето Кирил и Методиј со подрачното училиште Фалише и училиштето Андреја Савески Ќиќиш“, изјави одделенската наставничка Соња Трифуновска.

@telmatelevizija

Прослава од ваков тип за првпат се организира во градот, на иницијатива на одделенските наставнички. __________________ 🌐За да ги прочитате најновите вести на Телма кликнете на линкот во био. 🔗 #телма #телмателевизија #вести #мквести #македонија #скопје #telma #telmatv #vesti #mkvesti #makedonija #instanews #skopje #топтема #toptema

♬ original sound – TV Telma

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расте бројот на жртвите на воените удари на Израел и Иран

Дејан Дејан

Двајца осомничени за разбојништво во Куманово

Дејан Дејан

Убиени уште двајца високо рангирани ирански генерали

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе