Вести Свет

Во операција на израелската армија на Западниот брег убиени пет лица

Пет лица загинаа, а еден е тешко повреден при напад во Тубас, во северниот дел на окупираниот Западен Брег, каде израелската армија потврди дека спровела операција.

„Петмина загинаа, а еден е тешко повреден при напад врз возило во Тубас“, се наведува во соопштението на палестинската Црвена Полумесечина.

Од своја страна, израелската армија соопшти на „Телеграм“ дека извела „три удари врз вооружени терористи“ кои претставувале закана за нејзините војници во областа.

Израелските сили го нападнале бегалскиот камп „Фараа“ во областа Тубас.

На 28 август, израелската армија започна голема операција во северниот дел на Западниот Брег – палестинска територија окупирана од Израел од 1967 година.

Во саботата, армијата извести за смртта на еден од нејзините војници во Џенин.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство, од почетокот на операцијата се убиени најмалку 30 Палестинци, а 140 се повредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе