Вести Македонија Топ вести

Фрчкоски поднесе оставка како амбасадор, но претходно не се виде со Муцунски

Мисијата на Македонија во ОН и официјално останува без амбасадор откако Љубомир Фрчкоски писмено поднел оставка до претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, за што за Телма доби потврда од нејзиниот Кабинет, но и од МНР кое било известено за оставката.

Фрчкоски кој по две години вршење на функцијата амбасор во ОН, на почетокот на јули беше повикан на консултации од страна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, поради наводи за финансиски нерегуларности во работењето, писмено ја врачил својата оставка до претседателката, но со министерот не се сретнал. Од МНР за Телма информираат дека до средба не дошло поради лични причини на амбасадорот.

„Поврзано со консултациите на кои беше повикан амбасадорот Фрчкоски од страна на Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски укажуваме дека истите не беа остварени како резултат на дадено образложение од амбасадорот дека не е во состојба да присуствува на истите заради здравствени причини“, стои во одговорот од МНР до Телма.

Засега нема информација кога претседателката Силјановска Давкова ќе го потпише указот за отповикување на Фрчкоски, но согласно Законот за надворшени работи тоа треба да се сличи во рок од 30 дена од исполнување на еден од условите за тоа, во случајов поднесената оставка.

Фрчкоски оставката ја најави кога беше повикан на консултации во МНР за да даде отчет за финансиското работење, односно за наводите за затајување материјални средства од сукцесија на објектот на поранешна СФРЈ, за трошење финансии спротивно на правилниците на работа на дипломатско-конзуларните претставништва и непостапување по добиените насоки од МНР.

Амбасадорот во своја одбрана тогаш до јавноста приложи сметки за уплата на средства од сукцесијата на објектот во буџетот на државата , но и обвини дека вработените во Мисијата во ОН била оставени без средства за здравствено осигурување од страна на МНР, тврдејќи дека неговото повикување на консултации е всушност поради тоа што не е „погоден“ на идеологијата на новите власти.

Телма упати прашања до МНР и за тврдењето на Фрчкоски дадено во изјава за „Либертас“ дека неговото повлекување може да влијае на реализацијата на проектот „Промоција на дијалог и медијација со цел превенција на геноцид и сличните злосторства“, предложен од Македонија, а прифатен од ОН, за што бил одреден и буџет од Светската организација за реализација. Фрчкоски притоа информира дека од страна на ОН било планирано проектот да финишира со конференција во Охрид во средината на октомври. До овие вести се уште не добивме одговор од МНР за реализацијата на проектот.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак денеска на прашањето дали се започнати консултациите за нов амбасадор во Обединетите нации изјави дека започнати се  консултации за повеќе амбасадорски места. Мицкоски притоа најави и ревизија на бројноста на персоналот во амбасадите, правејќи притоа споредба на двајца вработени во амбасадата во САД и 12 во ОБСЕ.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајка во машина за перење ставила новороденче кое почина – хорор во Германија

Дејан Дејан

Израелската војска соопшти дека го убила началникот на генералштабот на оружените сили на Иран

Дејан Дејан

Техеран треба веднаш да се евакуира – Трамп со порака на платформата „Вистина“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе