Вести Свет

Либан остана без струја, на електраните им недостасува гориво

Цел Либан остана без струја откако последната производна единица на електраната „Аз-Захрани“ престана да работи поради недостиг на гориво, соопшти денеска либанската компанија за електрична енергија.

Поранешниот советник на либанскиот министер за енергија и водни ресурси, Раџа Ал-Али, вчера изјави дека електраните во Либан би можеле целосно да престанат со работа во наредните денови поради недостигот на резерви на гориво во земјата.

Проблемот со снабдувањето со електрична енергија во Либан датира од крајот на граѓанската војна во 1990 година.

Пред почетокот на економската криза во октомври 2019 година, во различни градови и региони населението имаше струја од 12 до 18 часа дневно, а по почетокот на кризата снабдувањето беше намалено на два до осум часа дневно.

Во периодите кога ги снема залихите на гориво во Либан, земјата беше целосно без електрична енергија неколку недели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе