Вести Свет

Радев ја именува Горица Гранчарова-Кожарева за кандидатка за в.д. премиер

Бугарскиот претседател Румен Радев ја именуваше заменик-претседателката на Ревизорската комора Горица Гранчарова-Кожарева за кандидатка за вршител на должноста премиер, соопштија од прес-службата на претседателот, јави БТА.

Шефот на државата претпладнево ќе ја прими кандидатката за привремен премиер, за да ја задолжи да формира привремена влада.

Актуелниот премиер Димитар Главчев претходно денеска ја повлече искажаната подготвеност да ја прифати функцијата по вторпат за да се намали политичката тензија, објави Министерскиот совет на својата веб-страница.

И други лица покрај Главчев изразија подготвеност да ја преземат функцијата привремен премиер, најави синоќа шефот на државата Румен Радев на консултациите со политичките формации застапени во Собранието за состав на привремен кабинет.

Според чл. 99 од Уставот на Бугарија, откако не е постигнат договор за влада, претседателот по консултации со пратеничките групи и на предлог на кандидатот за привремен премиер, именува привремена влада и закажува нови избори во рок од два месеца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила Водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе