Турција и Јапонија ги предупредија своите државјани во Либан да ја напуштат земјата, доколку нивниот престој во неа не е неопходен, поради можноста за брзо влошување на безбедносната состојба.
Тензиите се зголемија по убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран, ден по убиството на Фуад Шукр, воен командант на Хезболах, во израелски напад во Бејрут.
„Оние кои не мора да останат, треба да го напуштат Либан додека сè уште има комерцијални летови, доколку е можно“, се наведува во соопштението на турското МНР од каде се повикуваат државјаните на Турција да не патуваат во Либан, ако не мораат.
Идентичен апел испрати и МНР на Јапонија, во екот на растечки тензии на Блискиот исток.
Викендот тоа го сторија Франција и Италија, а претходно и САД, Австралија, Велика Британија, Канада, Шведска, Јужна Кореја, Јордан и Саудиска Арабија.