Вести Свет

Продолжуваат насилните протести во Велика Британија, Стармер им порача на насилниците дека ќе зажалат што учествувале во нив

Судирите помеѓу две групи на спротивставени демонстранти и полицијата продолжија и денеска ширум Велика Британија. Судири имаше во Дорсет, Вејмут, Ротерхам, Мидлсбро и Болтон како полицијата вложуваше максимални напори да ги одржува разделени две групи на демонстранти.

Во Ротерхам демонстрантите против имиграцијата се собраа пред хотел каде се сместени мигранти кои нелегално влегле во Велика Британија. Кршејќи ги вратите и рпозорците, демонстрантите успеале да влезат во хотелот пред полицијата да ги растера.

Во Болтон, анти имигрантските демонстранти биле нападнати од група на маскирани лица кои извикувале „Господ е голем“.

Претходно владата ѝ даде целосна поддршка на полицијата да ги употреби сите расположливи средства за да го прекина насилството на британските улици, а премиерот Кир Стармер порача дека сите што учествувале во овие насилни протести ќе зажалат.

Во моментов се одвива напад врз јотел во Ротерхам, банти талкаат по улиците со намера да ги кршат законите или нешто полошо, исркшени прозорци, пожари, преплашени граѓани и персонал. Нема никакво оправдување за ваквите постапки, секој нормален треба да го осуди ваквиот вид на насилство. Луѓето во оваа држава имаат право да се чувствуваат безбедни, а сепак гледаме напади врз муслиманските заедници, напади врз џамии, навреди за другите малцински заедници, нацистички поздрави на улиците, напади врз полицијата, бесмислено насилство проследено со расистичка реторика. Затоа, не се плашам да кажам што е ова, крајнодесничарско силеџиство, изјави премиерот.

Остро осудувајќи го насилството, Стармер рече дека ќе одговараат не само тие што ги извршуваат овие криминални акти на улиците, туку и оние кои го подгреваат тензиите на социјалните мрежи.

Само во последните два денови на протести ширум земјата биле уапсени околу 140 лица, и според британските медиуми, владата е уверена дека протестите ќе изгубат на интензитет кога демонстрантите ќе видат дека  има апсења, обвинувања и пресуди за насилниците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе