Вести Свет

Во Србија и министерот за градежништво и транспорт е позитивен на коронавирус

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ е позитивен на коронавирусот.

Министерот Весиќ ги откажа сите посети и средби што беа планирани за денеска и утре, како и присуство на продолжението на седницата на Парламентот на Република Србија.

Весиќ е на домашно лекување, од каде преку платформи за видео состаноци ќе продолжи да ги координира најважните активности на Министерството.

Во Србија вчера беше соопштено  дека и премиерот Милош Вучевиќ е позитивен на Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе