Вести Свет

За Трамп церемонијата на отворање на Олимпијадата била „срамна“

Доналд Трамп ја нарече церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз „срамота“, откако нејзините креатори беа на удар на критики затоа што, како што некои рекоа, шоуто отишло предалеку.

„Јас сум многу отворен ум, но мислев дека тоа што го направија е срамота“, изјави Трамп за Фокс њуз.

Неговите коментари уследија по осудата од католичките групи и француските бискупи за сцената на церемонијата во која учествуваа танчери, драг кралици и диџеј во пози што се чини дека потсетуваат на приказите на Тајната вечера, иако креаторите рекоа дека таа не била наменета да го претставува религиозниот амбиент, јавија американски медиуми.

Секвенцата наиде на меѓународна критика од христијанските групи и екстремно десничарските политичари на социјалните мрежи.

На прашањето на водителката што би направил доколку биде реизбран за претседател навреме за Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година, Трамп одговори: „Нема да имаме ‘Тајна вечера’ прикажана на начинот на кој тие ја прикажаа“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила Водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе