Вести Свет

Француска полиција: Саботирана е мрежа со оптички кабли

Саботажа е извршена во делови од Франција врз мрежите со оптички кабли, соопшти утрово француската полиција.

Според полицијата, саботажа е извршена во шест области во Франција, но Париз не е погоден.

Инцидентот се случи три дена откако координирани акти на саботажа ги парализираа брзите возови неколку часа пред церемонијата на отворањето на Олимпијадата, попречувајќи го патувањето на стотици илјади луѓе.

Сите возови во Франција од утрово сообраќаат нормално, изјави францускиот министер за транспорт Патрис Вергрие.

Тој рече дека „од 800.000 патници кои биле потенцијално погодени за време на викендот, 700.000 успеале да го завршат своето патување“.

Во Франција синоќа завршија поправките на железничките пруги оштетени од подметнати пожари во петокот, соопшти францускиот национален железнички оператор СНЦФ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе