Едно лице е убиено во пукање што се случи во трговски центар во предградие на Балтимор и Вашингтон, соопшти локалната полиција, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Властите добиле повик по пукање во дел на ресторан во трговскиот центар Колумбија, во државата Мериленд, околу 18:10 часот по локално време.
Полицајците пронашле машко тело, соопшти полицијата на округот Хауард.
Полициски извори потврдија дека учесниците во пукањето избегале од трговскиот центар, а детективите веруваат дека жртвата била мета на нападот. Истрагата е во тек.
Трговскиот центар Колумбија беше сцена на пукање и во јануари во 2014 година, кога загинаа три лица, откако маж со пушка уби две лица по што се самоуби.