Вести Свет

Украина е подготвена за преговори со Русија – Кулеба на средба со Ванг Ји во Пекинг

Украина е подготвена да води преговори со Русија, соопшти украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба за време на разговорите со неговиот кинески колега Ванг Ји во Пекинг, пренесува Спутник.

„Дмитро Кулеба го повтори утврдениот став на Украина дека е подготвена да ја вклучи руската страна во преговарачки процес во одредена фаза, кога Русија ќе биде подготвена да преговара во добра вера, но нагласи дека таква подготвеност во моментот не е забележана од руска страна“, соопшти украинското министерство.

Кинескиот министер за надворешни работи порача дека украинската војна треба да се решава на преговарачка маса.

„Уверен сум дека праведен мир во Украина е во стратешкиот интерес на Кина и оти кинеската улога, како глобална сила за мир, е важна“, одговори Ји.

Кулеба рече дека руската агресија го уништува мирот и го забавува развојот и оти секој нов ден на војната носи нови повреди на човештвото и натамошно нарушување на правдата. Затоа е потребно да се стави крај на војната против Украина, да се обнови мирот и да се забрза обновата на нашата земја, додаде министерот за надворешни работи на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе