Вести Свет

Нетанјаху побарал средба со Трамп за да обезбеди поддршка за војната во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побарал средба со поранешниот претседател Доналд Трамп за време на неговата посета на САД оваа недела за да ја обезбеди неговата поддршка за политиката на Израел кон Газа и Западниот Брег, пренесува Политико.

Според медиумот тимовите на Нетанјаху и Трамп во последните денови разговараа за можноста двајцата лидери да се сретнат лице в лице, потенцијално во Флорида.

Трамп допрва треба да се согласи на состанок, но исто така не ја отфрлил идејата.

Екс американскиот претседател во 2017 година официјално го призна Ерусалим за главен град, додека следната година таму ја пресели американската амбасада.

Медиумот наведува дека во изминатите неколку години имало тензии меѓу двајцата лидери, особено откако Нетанјаху му честитал на Бајден по изборите во 2020 година.

Поранешниот претседател го осуди Нетанјаху за неуспехот на израелските разузнавачки служби на 7 октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невработени му пишувале на Стојачне Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе