Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа пристигна во посета на Белград, а на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ, за посетата на германскиот канцелар рече дека денешниот ден е голем ден во кој ќе се разгледува иднината на Србија и отворањето нови можности за земјата и народот.
Вучиќ претходно се сретна со Шолц на отворањето на четвртиот Самит на Европската политичка заедница во Лондон.
Тој најави дека во Белград ќе има билатерална средба и оти ќе разговараат и за европскиот пат на Србија, политичките односи, развојот на економијата, а со ЕУ ќе биде потпишан и меморандум за разбирање во врска со минерални суровини.
Најави и дека денеска во Белград ќе пристигнат и претставници на Европската банка за обнова и развој, претставници на италијанската банка за развој како и претставници на Мерцедес.