Вести Македонија Топ вести

Ангелов: На помош во гаснење на пожарите ни пристигна помош од Турција

Турција прва испрати помош за справување со огнените стихии на планините Серта и Огражден. На тешко пристапните планинските терени од воздух, освен армиски, полициски хеликоптери, македонските „Ер трактори“, на помош утринава им пристигнаа и „Ер трактори“ и хеликоптери од Турција.

Огнените стихии се длабоко во планините, ангажирана е и механизација за да се пробиваат патишта, со цел и од земја да се гасат пожарите.

Четири активни пожари има на планината Серта, во неготинско, штипско и Општина Конче. Не терен се пожарникари, доброволци, месно население, вработени на државни и локални институции, како и припадниците на македонска Армија и полицијата. Според ЦУК, во последното деноноќие и имало  26 пожари на отворено, а од нив активни се девет врз коишто утрово се гаснат од земја и воздух.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца осомничени за разбојништво во Куманово

Дејан Дејан

Убиени уште двајца високо рангирани ирански генерали

Дејан Дејан

Повеќе од 30.000 громови ја погодија Велика Британија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе