Вести Свет

Идентификувано лицето кое го загуби животот во атентатот врз Трамп

Лицето кое беше убиено за време на атентатот врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Пенсилванија е Кори Комператоре, поранешен пожарникар од Бафало.

Комператоре бил идентификуван од членови на неговото семејство. Тој, како што пренесуваат американските медиуми, го загубил животот додека се обидувал да ги заштити својата сопруга и ќерките кога напаѓачот Томас Метју Крукс отворил оган врз Трамп за време на предизборниот митинг.

Сестрата на жртвата, Даун Комператоре Шафер, во објава на Фејсбук напиша дека Кори „бил херој кој ги штител своите ќерки“.

– Неговата сопруга и девојките го преживеаја незамисливото. Мојот помал брат штотуку наполни 50 години и имаше уште многу живот. Омразата нема граници и љубовта нема граници. Молете се, бидејќи ова изгледа како ужасен кошмар, но знаеме дека тоа е нашата болна реалност, напиша Комператоре Шафер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе