Вести Свет

Според експертите пукањето врз Трамп му ги зголемува шансите да се врати во Белата куќа

Пукањето врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Пенисланија ги зголемува неговите шанси повторно да влезе во Белата куќа, сметаат инвеститори и финансиски експерти.

Трамп беше застрелан во уво на собир во Пенсилванија во саботата, што властите го третираат како обид за атентат.

– Пред пукањето, пазарите реагираа на изгледите за реизбор на Трамп со зајакнување на доларот, а тој тренд би можел да продолжи и во наредната недела, рече Ронг Рен Гох од Eastspring Investments во Сингапур.

Првото пукање во американски претседател или кандидат на партија по обидот за атентат врз републиканскиот претседател Роналд Реган во 1981 година може да влијае на изборниот натпревар на 5 ноември меѓу републиканецот Трамп и актуелниот демократ Џо Бајден.

– Како што се сеќаваме, популарноста на Реган порасна за 22 процентни поени во анкетите по обидот за атентат. Изборите веројатно ќе бидат убедлива победа (за Трамп). Тоа потенцијално ја намалува неизвесноста“, рече Ник Ферес, главен инвестициски директор во Vantage Point Asset.

Бајден се соочува со зголемени сомнежи од донаторите, поддржувачите и колегите демократи за неговата способност да го победи Трамп и да остане во чекор со барањата на работните обврски како шеф на државата.

Веднаш реагираа и букмејкерите. До петокот шансите на Трамп за победа на претседателските избори беа 61%, од денеска тие се – 69,44%.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе