Вести Економија Најважни

Експерти: Владата не знае што прави, најавуваше милијарда евра заем, договори половина, парите за општините се популизам пред локални избори

Со тоа што првично се најавуваше дека задолжувањето кај странска влада ќе биде една милијарда, а сега ќе се обезбеди половина од оваа сума, е доказ дека Владата не знае што прави. Ова е коментарот на економскиот аналитичар Јовановиќ, по вчерашната најава на премиерот Мицкоски дека од унгарската влада ќе се обезбедат 500 милиони евра за општините и стопанството.

Вели, не е лошо што заемот се намали, но за фирмите има други поевтини извори на пари, а за финансирањето на општините смета дека тоа е популистичка мерка, која се носи една година пред локалните избори.

„Парите се земаат само колку да се земат гледаме дека ќе се користат за поддршка на фирми, пола ќе одат за општински проекти. Како прво, банката за развој кај нас има доволно средства од развојната банка и голем дел од тие пари се со поповолни услови и не гледам потреба да земате нов кредит со камата над 3 отсто да им давате на фирмите кога веќе има средства кои не се користат и на фирмите не им требаат толку кредити и тие не секаат многу да се задолжуваат. Делот што е за општините е погрешно поставен. Јас како општина сакам да градам пат, канализација, чешма и потоа ги даваме парите, но  ние сега имаме 250 милиони евра, а јас не слушнав ниту еден проект од општините кои ќе се финансира со овие пари“, вели економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ.

И поранешниот министер за финансии Хајредини вели не е важно со каква каматна стапка ќе биде заемот, туку дали паметно ќе се искористи.

„Tие викаат за капитални проекти, а кога така не рекле и овие и нивните претходници сега треба да видиме, јас немам точно увид кои се тие капитални проекти на општините кои ќе помогнат за економски раст, а и општините се до гуша задолжени и тие ќе ги користат за долгови и тоа и за плати. Ако дојде во ситуација ако му е блокирана сметката а им се тие ќе се обидат да ги искористат“, вели поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини. 

Универзитетскиот професор Узунов, смета дека треба да се дадат сите детали од она што е договорено таму.

„Ова е несериозно и со било каков коментар би било уште посмешно. Нека го дефинираат договореното, затоа што не е само каматата и рокот на отплата. Има и многу други работи. Нека се стави се на хартија, па потоа може да коментирам“, вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов. 

Познато е дека дел од општините се во долгови со превработеност и без капацитет да направат проекти. Познавачите апелираат да им се помогне за да добијат пари и оние кои имаат навистина потреба од нив. Интересно е што во следните три години треба да се врати долгот од четири еврообврзници за кои ќе биде потребен половина буџет.

Мицкоски вчера од Вашингтон најави дека од Унгарија првично ќе се обезбедат 500 милиони евра, а ако има потреба ќе се земат уште пари. Каматната стапка на позајмицата е 3, 25 отсто, три години грејс период и 12 години рок на отплата.

На официјалната страница на унгарскиот премиер Орбан не се споменува ништо за заемот. Пишува само дека по средбата Македонија смета на поддршка за евроинтеграциите и развој на економијата. Дека двајцата премиери се согласиле на зајакнување и на борбата против илегалната  миграција.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари, ВМРО – ДПМНЕ со реакција

Дејан Дејан

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе