Вести Македонија

Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), засилување на инспекциските контроли во делот на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa и ветеринарното јавно здравство, најавува новиот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов.

Како што соопштија денеска од АХВ, Миланов на средбата со поранешниот директор на Агенцијата Николче Бабовски истакнал дека дигиталната трансформација на институцијта ќе биде во фокусот на неговото раководење со АХВ. Целта е обезбедување на подобра комуникација, но и безбедност на информациите, транспарентност и отчетност, со што како што потенцира тој, ќе ја подигнеме и довербата на граѓаните кон АХВ.

„Како прв човек на Агенцијата, ќе ја интензивирам соработката со меѓународните организации, пред се со оние од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, но и со останатите, со домашните и меѓународните експерти, со медиумите и со другата јавност, со цел унапредување на работењето на институцијата во интерес на граѓаните, бизнис и невладиниот сектор“, истакнал Миланов.

Бабовски го запозна Миланов со тековните активности во АХВ и му посакал успех во работата како прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Меѓаши“ го осудува насилството и видеото со врзаното девојче

Дејан Дејан

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе