Вести Македонија Топ вести

Филипче го презеде СДСМ од Ковачевски – примопредавање на функција на Бихаќка

Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) од неговиот претходник Димитар Ковачевски. Опозициската партија информира дека Ковачевски му го честитал изборот и му посакал „натамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ“.

Новоизбраниот претседател посочил дека „следува период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ“.

„Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени, не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок“, рекол Филипче.

Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ во соопштението наведува дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче „убедливо победи на директните внатрепартиски избори со освоени над 9000 гласа од членовите на партијата“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе