Вести Свет

Силно невреме во Црна Гора, еден загинат и еден повреден

Еден работник загина, а друг е повреден во невремето што денеска ја зафати Црна Гора,.

Поројни дождови и силен ветер ја зафатија Црна Гора од утрово. Локалниот портал Бар инфо пренесува дека во Чањ на градилиштето „Челебиќ” загина работник на кран, а во Лука Бар од силниот ветер падна кран, при што беше повредена едно лице.

Ветерот корнеше и уриваше дрвја низ цела Црна Гора, уништуваше опрема на плажите на приморјето, оштетуваше возила, а поради силниот дожд улиците беа поплавени и настанаа порои.

Полицијата ги предупреди граѓаните да не патуваат доколку не е неопходно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе