Вести Свет

Нападнат конвој во ДР Конго – убиени двајца британски хуманитарци

Двајца вработени на британската хуманитарна агенција Tearfund се убиени во напад на конвој кој патувал низ провинцијата Северен Киву во источниот дел на ДР Конго.

Конвојот бил нападнат по пристигнувањето во градот Бутембо. Провинцијата Северен Киву е богата со природни ресурси, поради што многу вооружени групи се борат за контрола над областа.

Таквата состојба само ја продлабочува хуманитарната криза поради која дури 2,7 милиони луѓе во таа покраина мораа да се преселат.

Нападот на конвојот го потврдија и претставници на локалните власти и додадоа дека изгореле пет возила, но не соопштуваат кој е одговорен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе