Вести Свет

Ирански генерал се закани со нов ракетен напад врз Израел

Високиот ирански бригаден генерал Амир Али Хаџизаде, под чија команда се воздухопловните сили на Револуционерната гарда, се закани со нов масивен ракетен напад врз Израел. Пред неколку месеци, Иран и Израел беа на раб на голема регионална војна.

На 13 април оваа година, Револуционерната гарда истрела стотици беспилотни летала и ракети врз Израел. Ова се случи по наводниот израелски напад врз комплексот на иранската амбасада во сирискиот главен град Дамаск, на почетокот на април. во кој беа убиени двајца генерали.

Сега Хаџизаде најави можност за втора таква операција. Заканата најверојатно е поврзана со неодамнешните тензии меѓу Израел и Либан. Во текот на викендот, мисијата на Иран во ОН се закани со „уништувачка војна“ во случај на ескалација меѓу Израел и Хезболах.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе