Вести Македонија

Услови за невреме со пороен дожд и грмежи од вторник – УХМР со најава за нестабилно време во наредната недела

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветар.

Во Скопје, во текот на ноќта кон вторник и во вторник ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на град. Повремен пороен дожд со грмежи ќе има и во среда и четврток.

Од УХМР, препорачуваат во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова судска драма за уставната судијка Кацарска: На Судскиот совет предводен од Дамева „му текна“ дека пред 2 години ја пензионирале како судијка

Дејан Дејан

Дваесет и двајца економски директори со мандат ги одбројуваат последните денови во фотелја – по законските измени, нема да можат да тужат

Desk

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе