Вести Македонија

Англиски турист паднал од карпа во Охридското езеро- полицијата го спасила и со чамец го носела во болница

Охридската полиција спасувала турист од водите на Охридското езеро откако се слизнал од карпа и паднал во езерото.

Станува збор за англиски турист на 45-годишна возраст кого полицијата го спасила и со туристички чамец го префрлила во болницата „Свети Еразмо“. Имал телесни повреди.

Инцидентот се случил на брегот на езерото каде се наоѓаат хотелските комплекси во правец кон Пештании Трпејца.

Во продолжение соопштението на МВР:

Денеска (27.06.2024) во 12.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека, од карпа, во водите на Охридското езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, паднало едно лице, кое се здобило со повреди. На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. По преземените мерки, лицето е извадено и констатирано е дека се работи за С.М.А.(45) од Англија. Лекар од Итната медицинска помош,  кај него констатирал телесни повреди, по што, со пловен објект на Полициската станица за граничен надзор е транспортиран до  Езерската полиција. Оттука, повредениот, со медицинско возило е пренесен до болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе