Вести Свет

Антивладини протести во Израел, демонстрантите бараат да се прифати договорот за прекин на огнот

Демонстранти во Тел Авив синоќа побараа оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху и прифаќање на договор за прекин на огнот со цел ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Газа.

Според Тајмс оф Израел, демонстрантите блокирале автопат во Тел Авив, предизвикувајќи големи сообраќајни застои. Демонстранти кои бараат враќање на заложниците блокираа повеќе различни патишта низ целата земја.

На главниот приморски пат на Израел, Рута 2, во близина на ХаБоним јужно од Хаифа, демонстрантите го запреле сообраќајот во двата правци.

На автопатот Ајалон во центарот, демонстрантите запалиле метална кафезна конструкција на која пишувало „Помош“.

Протестите се одржуваат под мотото „Или договор, или погреб“.

„Нетанјаху се откажа од заложниците. Што се однесува до него, тие можат и да бидат погребани во Газа се додека тој ја задржува својата функција“, изјавуваат семејствата на заложниците кои се вклучени во протестите

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе