Вести Македонија

Прв вицепремиер според Деловникот на Владата

Изет Меџити е прв вицепремиер во Владата предводена од Христијан Мицкоски. Неколку дена откако Меџити самиот соопшти дека  ќе седне во фотељата на Артан Груби, но нема да игра фудбал во неговиот кабинет, и премиерот потврди дека сите негови потпретседатели нема да бидат еднакви. Но, наместо да се повика на Деловникот за работа на Владата, се повика на џентлменски договор со „Вреди“.

-Според законот што е важечки, Владата односно премиерот има заменици, а договорот што го имаме во рамки на коалицијата е да има прв вицепремиер и тоа ќе биде господинот Изет Меџити. Но, тоа е надвор од законот. Законот вели односно подразбира само заменици на претседателот на Владата. Тоа што до сега е работено на диво и незаконски, тоа нема да биде пракса во работењето на оваа Влада, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

Законот за Влада начелно утврдува дека премиерот определува заменици од редот на министрите, но за целокупната внатрешна организација и начинот на работа донесува – Деловник. Во членот 5 прецизно е наведено:

Претседателот на Владата го заменува првиот заменик задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост, еден од замениците што тој ќе го определи.

 

Наредниот член од Деловникот со три става ги назначува правата и обврските на првиот вицепремиер: му помага на премиерот, се грижи за работи за кои е посебно овластен и го известува премиерот. Намерата на ВМРО-ДПМНЕ да го занемари овој дел од Деловникот ја покажа другиот вицепремиер – Александар Николоски, кој минатата недела во Топ тема изјави дека сите потпретседатели на Владата ќе бидат еднакви. Спротивно на тоа, премиерот и министерот за животна средина склопиле „џентлменски договор“.

Вицепремиерот број 1, Изет Меџити, пред неколку дена најави нов закон кој Мицкоски се уште не сака да го потврди: закон за правична застапеност. Тој треба да го замени Балансерот „поради неговите чести злупотреби и претварање во механизам за политичко пазараење“. „Укинувањето на балансерот е дел од заклучоците во европскиот скрининг и препорака на Европската унија“, дообјаснува премиерот Мицкоски.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата планира разузнавачките служби да функционираат во една агенција

Дејан Дејан

Русија го презеде едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Почина најголемиот албански писател Исмаил Кадаре

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе