Уставниот суд поведе постапка за законот за облигациони односи. Се сомнева дека е неуставен законот со кој извршувањето застарувањето после 10 години. Ова е втор пат годинава уставен да одлучува за истиот закон откако но јануари не поведе постапка но овој пат донесе спротивна одлука. Токму оваа дилема дали иноцијативата требаше да се отфри како пресудена работа – ја дискутираа судиите на денешната седница
Новите иницијативи го сменија расположението во Уставниот суд. Откако претходно одлучи дека се уставни, судот денеска ги стави под сомнеж законските измени со кои се ограничи извршување на долговите да застарува после 10 години Покрај тоа што поведе постапка за оценување на уставноста, законот доби и времена мерка –
Пред Судот основано се постави прашањето дека Законодавецот не го почитувал тоа што првично го гарантирал и утврдил нови услови и рокови под кои ќе се одвиваат воспоставени правни односи помеѓу доверителите и должниците, утврдени претходно со правосилна судска одлука, односно извршна исправа.
Судиите утринава јавно ги судрија аргументите за ова прашање. Известителка во предметот беше судијката Ана Павловска Данева која прелдожи поведување на постпака. Според неа законски измени предизвикуваат правна неизвесност и повреда на правото на сопственост. Закаонодавецот го скратил рокот на застарување а не оставил ниту еден ден простор да се прилагодат доверителите. Во однос на ретроактивноста на законот кој важи и за веке започнатите постапки за наплата на побарувањатасмета дека со тоа во неповолна положба се ставаат граѓаните доверители наспроти граѓаните должници.
Дел од колегие се согласија со неа дека законот е неприменлив проблематичен со правни пранзини но една од главните дилеми беше дали сега можат да донесат поинаква одлука откако во јануари, судиите одлучија да не поведат постпака по 15 иницијативи токму за овие законски измени .
Законот со повратно дејство е атантат врз правото но постои пречка затоа што овој предмет за нас е веќе пресудена работа рече судијата Осман Кадриу според кого судот по исклучок може да промени став и да се корегира само ако има значитлени и важни промени на фактите во спротивно се доведува во прашање авториретот на судот. И судијката Добрила Кацарска беше против поведување постапка и праша како ќе се третира сериозноста на судот акоза 6 месеци донесе спротивна одлука со ист состав . Тогаш единствено не беше избрана Павловска Данева која сега ги уверуваше колегите дека има аргументи да одлучат поинаку овој пат.
На 10ти јануари годинава Уставниот суд не поведе постапка и дека на ваквата одлука му претходела темелна анализирана уставно-судска и нализирале искуства на повеке европски земји. Денешната беше прва сендица со новиот претседател Дарко Костадиновски. Мегу другите прашања уставните судии одлучија и да не поведат постапшка за законите за плти за обвинителите и членовите на советот на јавни обвинители.
Елена Ивановска Мукоска