Вести Македонија Топ вести

Мицкоски се подготвува за средба со Мицотакис, вели, сака предизвици

Мандатарот Христијан Мицкоски се подготвува за средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Вашингтон, за време на самитот на НАТО, откако грчкиот премиер утрово повторно предупреди дека Мицкоски ќе се најде во многу непријатна ситуација во Вашингтон, доколку по стапувањето на функцијата премиер на Македонија, продолжи да не го почитува Договорот од Преспа и да не го користи уставното име.

Ние не може да продолжиме вака и премиерот на Северна Македонија ќе биде во непријатна положба, доколку инсистира на тоа, кога ќе се сретнеме во НАТО. Секако дека ќе го покренам тоа прашање и ние ќе имаме многумина на наша страна. Скопје мора да сфати дека не може да си игра со Атина по ова прашање, изјави Мицотакис во интевју за грчкотот радио Реал.

Одговорот на Мицкоски на ваквото предупредување беше кратко.

Се подготвувам јас. Јас сум човек кој што се подготвува и сака предизвици и би сакал да го видам и тој предизвик, изјави Мицкоски.

Притоа тој, без конкретно да именува некого, рече дека ако има, а не верува дека во има европски политичари кои се претставуваат како современи и модерни политичари на 21 век, а имааат во себе талибански мотиви и сакаат да го загрозат човековот право, тој е подготвен со нив да аргументира и дебатира.

Јас сум подготвен и со аргументи и со факти да разговарам, како што го правам целиот мој живот, не само на НАТО самитот, каде и да е и – и во Атина, и во Скопје, и во Брисел, секаде сум подготвен да разговарам со факти и аргументи, вели Мицкоски.

Мицкоски притоа имаше порака и за политичарите кои пред шест години го убедувале дека само уште Преспанскиот договор да помине и дека земјата за пет-шест години ќе биде дел од ЕУ.

Би сакал истите тие да ги погледнам во очи, и да им кажам сега јас што имам да им кажам, бидејќи и тогаш им кажував и сега истото ќе им го кажам, дека се нечесни, дека даваат лажни изјави и дека го манипулираат овој мал, но драг, скапоцен народ во срцето на Балканот, изјави Мицкоски.

Според него, се додека постојат манипулации и двојни стандарди и условот не бидат само Копенхашките критериуми, ќе се случуваат такви анахрони изјави, талибански методи и враќање во средниот век.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе