Вести Македонија Топ вести

Рамиз Мерко на обвинителна клупа, воопшто не се чувствува виновен за кривичните дела кои му се ставаат на товар

Не сум виновен, рече струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на денешното рочиште во Основниот суд во Струга, каде му се суди за незаконско назначување на в.д. директори во 3 училишта во Подгорци, Лабуништа и Струга.

Воопшто не се чувствувам  виновен за кривичните дела за кои сум обвинет, затоа што сум направил еден континуитет на работа на основните училишта, рече градоначалникот на Струга Рамиз Мерко во судница.

Како сведок на обвинителството пред судот сведочеше поранешниот в.д. директор на училиштето во Подгорци, Адем Ајдаровски, кој потврди дека во моментот на назначување не бил вработен во училиштето, а трипати бил именуван за в.д. директор и покрај тоа што просветниот инспектор му укажал дека не ги исполнува условите. Бил разрешен откако тоа го побарала Антикорупциска комисија.

Ние имаме докази и ќе докажаме дека обвинетиот ги сторил кривичните дела за кои се товари. Судот ќе одлучи колку ќе биде осуден обвинетиот, ако не се согласиме со пресудата ќе поднесеме жалба до Основниот суд во Битола, рече  Џемал Лога, обвинител од ОЈО Струга.

Сите предмети за незаконско назначување на директори во струшките училишта судот ги спои во еден, но, одвоена е постапката  за училиштето во Велешта. Во него покрај Мерко кој се товари за незаконско назначување на директор, обвинети се уште три лица – наставник, директор и помошник директор за фалсификување документи за вработување.

За училиштето во Велешта се води еден предмет, затоа што таму се повеќе обвинети, четворица. Покрај кривичното  дело за несовесно работење  во службата дел од обвинетите се гоната и за фалсификување исправа, значи во тој предмет има  две кривични дела. За другите училишта споени се три постапки во еден предмет,  рече Јордан Јованов, судија во Основен суд Струга.

Покрај  обвинението за незаконски назначувања на директори, струшкиот градоначалник, е обвинет и за злоупотреба на службата при набавката на службеното луксузно возило Ауди 6 од 67 илјади евра, кое го купил во услови кога општината имала блокирана жиро сметка.

Мерко е на црната американска листа од лани во јуни, не само за вмешаност во корупција, туку и за влијание врз судски и други процеси.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе