Вести Македонија Топ вести

Од денеска почнува уписот во средните училишта за учебната 2024/2025 година

Од денеска до вторник ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули.

Со цел да се оптимизира процесот, Министерството за образование и наука  и оваа година овозможи електронско аплицирање.

Од МОН појаснија дека регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште треба да ја објави на 26 јуни најдоцна до 9 часот, на јавно место во училиштето или на училишната интернет-страница.

Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира на 28 јуни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајка во машина за перење ставила новороденче кое почина – хорор во Германија

Дејан Дејан

Израелската војска соопшти дека го убила началникот на генералштабот на оружените сили на Иран

Дејан Дејан

Техеран треба веднаш да се евакуира – Трамп со порака на платформата „Вистина“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе