Вести Македонија Топ вести

Привршува подготовката на измените Законот за јавно обвинителство според препораките на ГРЕКО, информира Правда

Привршува подготовката на измените Законот за јавно обвинителство во кој се имплементирани препораките на ГРЕКО, информираат од министерството за правда .

Се предлагаат решенија за сиоте детектирани слабости кои се однесуваат на дисциплинската постапка, разрешувањето на јавните обвинители, поставеноста на јавнообвинтелска мрежа, надлежностите, но и значењето на принципите на хиерархија и субординација.

Со измените се предлага:

–        покрај актуелната поделба на лесна и тешка дисциплинска повреда, воведување на уште една, по својата тежина средна категорија на повреди;

–        дополнување на листата на основи за дисциплинска одговорност на јавните обвинители и нивно степенување согласно тежината на повредата;

–        формално подобрување на дисциплинската постапка и воведување на рокови за сите нејзини фази;

–        зајакнување на улогата на Советот на јавни обвинители предвидувајќи можност за иницијатива на утврдување на одговорност на јавните обвинители за сторена дисциплинска повреда;

–        зголемување на репертоарот на дисциплински мерки кои може да бидат изречени за секоја категорија на дисциплинска повреда и

–        воведување на евиденција за изречени дисциплински мерки и рокови за нивно бришење.

Работната група што ги подготвува измените досега одржала 9 состаноци а во наредниот период законот  ќе продожи со својата работа пишуваат од правда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се оценува обвинителниот акт за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Изгоре семејна куќа во населбата Трајаново Трло, гореше фабрика за изолациски материјали од стиропор во Кочани

Дејан Дејан

Колку се безбедни пешачките зони?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе