Вести Македонија

Шабани во „Топ тема“: Листата на чекање за операции ќе се зголемува, моментно чекаат околу 50-60 лица

По три недели се враќаме во некаква нормала, од средата почнавме со хируршки интервенции, изјави доктор Башкмим Шабани, хирург уролог, во вечерашната „Топ тема“ за проблемот со компримираниот воздух и кислородот што ги затвори хируршките сали на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Сега засега се наоѓа привремено решение, меѓутоа не е трајно. Од средата почнавме со неколку интервенции, ќе видиме како ќе биде понатаму“, вели Шабани.

Од средата, додава Шабани, се почнало со помали интервенции кои траат пократко и засега, како што нагласи, не е воочен никаков проблем во смисла со будење и постоперативен третман на пациентите. Листата на чекање, според Шабани, ќе се зголемува, а поради претстојните годишни одмори, таа ќе биде уште поголема.

„Здравствениот систем во Македонија, за жал, е централизиран и најголемиот дел од хируршките интервенции се прават во Скопје. На листата на чекање моментно има околу 50-60 пациенти. Јас како хирург имам три-четири зафати, цела Урологија конкретно има околу 40 зафати неделно“, истакна Шабани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дигитален упис во средно догодина

Дејан Дејан

Младите не веруваат во брз влез во ЕУ

Дејан Дејан

Филипче – Кос: Потребен е внатрешен консензус за евроинтегративниот пат на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе