Вести Македонија

Грција со јавна реакција во Скопје побара Македонија да го почитува договорот од Преспа

Грција диретно денеска во Скопје побара од идната влада да го почитува Договорот од Преспа. Заменик амбасадорката на Грција во земјава, Тзина Андреади, на настан посветен на европската интеграција на земјава на кој говореа претседателката на државата, но и претставници на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, СДСМ, ДУИ, но и амбасадорите на Германија и Словачка, зеде збор и потсети дека договорот од Преспа е меѓународен обврзувалки договор за земјава.

„Сакам да повторам дека ние очекуваме  Македонија во добра волја и во духот на добрососедските односи, кои апсолутно можеме да ги градиме и заедно да одиме кон иднината, целосно да се придржува до Преспанскиот договор“, порача Џина Андреади, заменик амбасадорката на Грција во земјава.

Андреади претходно ги ислуша обраќањата на сите учесници кои зборуваа за европската иднина на Македонија и по своето обараќе замина.

Таа не почека да го слушне одговорот на претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунки на панел дискусијата за органзиаирана од Фондацијата конрад Аденауер и Европското движење, според кого во моментов треба да се внимава со изјавите што се даваат бидејќи во тек се европски избори во Грција.

Сепак Муцунски најави дека по формирањето на новата влада, далеку од очите на јавноста тие ќе побараат двете страни да седнат и да разговараат за правата и обврските кои ги имаат двете со Договорот од Преспа.

Муцунски не одговори директно, дали тоа би значело репреговарање на Договорот и дали грчката страна би се согласила на тоа.

„Сметаме дека самиот договор предвидува механизми преку кои што сите предизвици и сите различни толкувања, веројатно, може да се надминат, и тоа исто така, претседателот Мицкоски, пред неколку недели го нагласи“, изјави Тимчо Муцунски,  градоначалник на Општина Аеродром.

На панел дискусијата говореше и претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, која рече дека она што треба Македонија сега да го направи за да се приближи до ЕУ, не е само хомогенизацијата и хармонизацијата на законодавството, туку и негова имплемнтацијата.

Сепак таа ја искористи прилаката да ја постети и ЕУ на нејзините обврски кон Македонија.

„Мислам дека и Еу треба соодветно да одговори, зошто ако сте кандидат од 2005 година, а денеска е 2024, се плашам дека тоа чекање некогаш личи на господинот Годо, а не сакам да верувам во такво нешто“, рече Гордана Силјановска Давкова, претседателка на Македонија.

На ваквата забелешка на Силјановска возврати германската амбасадорка, Петра Дрекслер, која рече дека ЕУ се состои од компромиси и дека во моментов за Македонија нема вето на тој пат.

„Госпоѓата претседателка говореше за Годо, тоа е како кога човек чека пред лифт и се прашува дали ќе пристигне тој што треба. Но јас се радувам што никој не се откажал од чекањето и што сме овде сите заедно“, рече Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија во Македонија.

Дрекслер притоа рече дека Унијата е едногласна и дека е сега важно да се направи чекорт кој ќе значи за земјата продолжување на преговорите и засилување на реформите.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма во Чучер Сандево: со пожарникарите и жителите кои ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност предлага УНЕСКО- властите да преземат итни чекори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе