На СДС-ДУИ поважни им се партиските функции, велат од ВМРО – ДПМНЕ и критикуваат дека од петок до денеска вторник ништо нема да биде преземено на Хирургија.
- Дознавме дека Заеднички служби зависат од Клиниките, ама дури и од Заеднички служби се јавија во јавност само 12-те директори на Хирургија се сокриени. Дознавме дека Владата, оние од СДС-ДУИ воопшто не им е грижа за тоа што се случува, и нема став за Хирургија. Нема ниту одговор дали санацијата би чинела само 120.000 евра? И секако, дознавме дека додека трае процес на ЈО за Хирургија, заменик министерката Маја Манолева се среќавала со сите директори на Хирургија!? Уште еднаш ќе повторам – ЈО наводно испитува дали има заговор во Хирургија, а сите директори и власта си прават средби и се договараат!?, рече портпаролот Стоилковски на денешната прес-конференција.
Тој презентираше фотографија од ФБ страницата на Манолева, заменик министерката за здравство од 22 мај 2024 година, една недела по хаосот на Хирургија.
- Таа во Кабинет заедно со министерот си прославуваат со торти додека цела Хирургија тоне. Толку од грижата на Манолева, рече Стоилковски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.